ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Денес и утре, без струја ќе бидат повеќе прилепски улици, села и компании
Жителите од улиците: Пенка Котеска-дел, ул.Борка Талески-дел, ул.Цена Џинорозот, ул.Владо Стојаноски, и ул.Благоја Стојаноски, од 8,30 до 16, 30 часот, понеделник и вторник , 10 ти и 11 ти јули, ќе останат без електрична енергија. А, о8,30 до 13,00 часот, во истите денови, без струја ќе бидат с.Мажучиште, ул, Орде Чопела на излез од Прилеп, фирма Стибера, фирма Корвин Стоун, фирма Агроинвест, Институт за Тутун, Хлорна Станица Песиобрци И Градски Гробишта.
Екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа. Иинвестиционите зафати се за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија – соопштуваат од Регионалниот Центар за управување со кризи – Прилеп.