Синодот на МПЦ- Охридска архиепископија денеска ќе одржи координативна седница, каде ќе биде разгледана одлуката на СПЦ
Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, денеска ќе одржи седница, каде што ќе биде разгледана одлуката на СПЦ која што завчера прогласи канонско единство со МПЦ-ОА, што подразбира можна најширока автономија, но не и автокефалност.
Во јавноста сеуште МПЦ-ОА нема излезено со конкретен-единствен став, во однос на одлуката донесена од страна на СПЦ, а исто така од МПЦ-ОА се немаат произнесено за тоа дали таа е согласно претходната одлука на Вселенската патријаршија, и истата пак претставува чекор назад или пак води до автокефалност.