Матурските прослави започнуваат наскоро! МВР упати апел до матурантите за одговорно однесување
МВР започна со едукативна работилница во рамки на превентивната кампања „Безбедни матурски прослави“.
Целта на оваа кампања е подигнување на свеста кај матурантите за важноста од одговорно однесување за време на матурските прослави, како и да се укаже на можните ризици поврзани со злоупотреба на алкохол, дрога и учество во сообраќајот под дејство на психоактивни супстанции и слично.


















