ТАКТИЧКИ ПОДЕГ НА ПРИЛЕПСКИ КОМУНАЛЕЦ: Наместо да купуваат корпи за отпадоци од 100-150 евра, ќе си ги изработуваат самите за само 500 денари

Сподели го ова:


























На предлог од градоначалникот Борче Јовчески и директорот Рубинчо Абрашоски, корпи за отпадоци ќе се изработуваат во браварската работилница од ,, Комуналец”, со оглед на енормното зголемување на пазарната цена на истите.

Наместо да се набави мала количина на корпи за отпадоци, со одвоениот буџет за таа намена ќе се изработат 500 корпи за отпадоци, со кои би се опфатиле парковите и пофреквентните улици. Една самоизработена корпа ,, Комуналец”, го чини 500 денари, а доколку се набават би чинеле од 100 до 150 евра, зависно од моделот.




Сподели го ова:

Слични објави