Искрено пречекан во секое охридско маало! Пецаков благодарение на неговите проекти има огромен рејтинг во општина Охрид
Кирил Пецаков е човек кој што како резултат на своите интелектуални и менаџерски способности е најуспешен градоначалник кој Охрид го имал од своето постоење. Пецаков е искрено пречекан во секое охридско маало, а благодарение на неговите реалзиирани проекти, Кирил има огромен рејтинг во општина Охрид.
Иако само 4 години е градоначалник на Охрид, тој веќе отпочна и направи голем број на проекти, при што постојано е на терен во интерес на охриѓани.Иако е млад, тој е способен човек, народен човек кој што секогаш е достапен за нас охриѓани. Јас сум пензионер, што значи сум слободен човек, па како резултат на тоа, постојано шетам низ Охрид и можам да го видам сето она што го има направено за само 4 години. Градоначалникот решава голем број на проблеми со водата, канализација…Искрено и тоа е многу за само 4 години. Храбро, чесно и принципиелно е тоа момче-да знаете”-истакна овој охридски пензионер кој што сакаше да остане анонимен.

Веднаш потоа запрашавме еден млад охриѓанец кој што рече дека не се разбира многу во политика, меѓутоа одговори на нашето прашање при што истакна: “Она што го направи Пецаков за овие 4 годни говори дека е стабилен, прецизен и одговорен човек кој што работи во интерес на охриѓани. Охриѓани знаат за каков способен човек се работи“.
Судејќи по коментарите на охриѓани, Пецаков ќе издвојува уште една сигурна убедлива победа во недела, бидејќи како што истакнува самиот тој: “За мојот Охрид се работи”.
















