ВИДЕО – Премиерот Мицкоски за проектите во Прилеп: Во тек е изградбата на кружен тек на стратешка крстосница во Општина Прилеп
“Во насока на подобрување на безбедноста и протокот на сообраќајот, во тек е реализацијата на проектот за изградба на кружен тек на стратешката крстосница меѓу улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“, улица „Кеј 1-ви Мај“ и мостот „Табана“ во Општина Прилеп” – соопшти Мицкоски, при што додаде:

“Оваа локација претставува една од најфреквентните сообраќајни точки во центарот на Прилеп, со значајно влијание врз локалната и регионалната сообраќајна динамика.
Во рамки на работната фаза се спроведуваат активности за проширување и доградба на постојниот армирано-бетонски мост над реката Ореовечка, со цел создавање услови за изведба на современ кружен тек кој ќе ја зголеми безбедноста, ќе го подобри протокот на возила и ќе придонесе за функционално и визуелно унапредување на урбаниот простор.
Инвестицијата изнесува 141.348.496 денари, обезбедени преку Министерството за транспорт” – нагласи премиерот Мицкоски.


















