Уживајте во викендов и во “летните” температури во Октомври
Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Сончево и топло време не очекува и утре, кога ќе имаме прекрасно сончево време со мала до умерена локална облачност, како и слаб ветер од северозападен правец.
И почетокот на наредната недела ќе биде проследен со сончеви периоди. Во понеделник во текот на денот, времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.