Градоначалникот Никола Најдовски и ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент потпишаа Меморандум за деловна соработка

Сподели го ова:
















May be an image of 2 people, people standing and indoor

Градоначалникот Никола Најдовски и ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. др Аце Миленковски, во просториите на Општина Демир Хисар потпишаа Меморандум за деловна соработка.Со овој Меморандум се склучува рамката во која ќе се реализира соработката помеѓу УТМС и Општина Демир Хисар, а со цел за унапредување на едукативните, истражувачки и професионални активности во областите од заеднички и општ интерес. “Соработката ја отпочнуваме со доделување на петнаесет стипендии за додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент со кои ќе располага самата општина”, истакнаа преставниците од УТМС.

May be an image of 3 people, people standing and indoor






Сподели го ова:

Слични објави