Можеби некое од овие дечиња во иднина ќе биде градоначалник на Општина Прилеп
Денешниот ден, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески го започна со посета на учениците од второ и четврто одделение од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, кои според наставната програма детално се запознаваат со работата на Локалната самоуправа. Денес овие ученици, имаа прилика непосредно да бидат дел од денешниот работен ден на Општина Прилеп.
“По учениците од „Кире Гаврилоски-Јане“, ова е втора ваква посета во нашата институција и особено ме радува фактот што имаме прилика да бидеме дел од интерактивната настава на учениците со цел подобро да го совладаат изучениот материјал. Ја користам оваа прилика да изразам благодарност и до наставниците кои го даваат својот максимум и им овозможуваат на своите ученици различен вид настава со што го подобруваат образовниот процес” – истакна Јовчески.