Утре во Прилеп, бесплатни новогодишни пакетчиња пред градскиот часовник
Утре во Прилеп, бесплатни новогодишни пакетчиња пред градскиот часовник, а оваа вест ја потврди и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој што истакна:
“Почитувани мои сограѓани, драги дечиња, родители, баби и дедовци ве поканувам во сабота 30.12.2023 со почеток од 11:00 часот на платото околу градскиот саат, заедно во една пријатна атмосфера во рамките на Новогодишниот базар.
Заедно со општествено одговорната компанија КАМ, кловнот Лили и Дедо Мраз, ќе доделиме новогодишни пакетчиња за сите дечиња и сигурен сум дека во една магична, новогодишна атмосфера ќе измамиме насмевки кај нашите најмили!
Оваа година за новогодишната ноќ, за дочекот на новата 2024 година ќе имаме огномет во центарот на градот а додека средствата планирани за изведувачи и било каков организиран дочек ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели!
Празничните мигови носат светлост во секој дом , хармоничната атмосфера на претстојните празници нека донесе топлина во срцата.
Ви посакувам добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2024 година!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.