Пациент “натепа” доктор – реагира Лекарската комора

Сподели го ова:


























Лекарската комора остро го осудува физичкиот напад на докторот вработен во Итната помош во Здравствениот дом во Радовиш, кој што се случи на 10 февруари, додека тој ја вршел својата професионална дејност.

Насилството врз лекарите, без разлика дали е физичко, психичко или во која било друга форма, не смее да се толерира, бидејќи сериозно го засега интегритетот на докторите и нивните професионални активности, што негативно се одразува и на услугите што ги добиваат пациентите. Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, неодложно и одговорно да постапат во случајот и да ги заштитат здравствените работници во вршењето на својата професија – истакнуваат од Лекарската комора.




Сподели го ова:

Слични објави