ЉУТКОВ: Време е да се врати сјајот на театарот во неговата вистинска форма

Сподели го ова:





























Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на директорот на велешкиот театар Жарко Спасовски, му го предаде Решението за давање согласност на Статутот на Националната установа – Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес.

„Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ е гордост за нас, велешани, бидејќи не само што ја чува нашата драмска традиција, туку создава и нови уметнички вредности кои инспирираат идни генерации. Со своето минато и сегашност, овој театар останува живо сведоштво за богатата културна историја на Велес и за неговото значење како културно срце на Македонија. Некои важни моменти во историјата на театарот:

– 1905: Првите театарски искри се појавиле со формирањето на аматерска драмска група.

– 1948: Создавање на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, центар на културниот живот.

– 2004: Театарот преминува во Центар за култура.

– На големиот празник, по 20 години, поправаме една неправда од минатото, на Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма. Денес, формално го предадов Решението за давање согласност на Статутот на Националната установа – Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес. Време е да се врати сјајот на театарот во неговата вистинска форма. Оваа промена ја должиме на основоположниците на велешкиот театар и на нашата театарска публика. Нека живее театарот!” – порача министерот Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави