И оваа година, ЈОУДГ ,,Наша иднина” – Прилеп ја завршуваат доста успешно како креатори на среќата и задоволството на предучилишните деца!

2023 година беше исполнета со многу предизвици, воспитно- образовни активности, различни форми на соработка со родителите и другите чинители во општествениот живот. Нашиот персонал секојдневно се трудеше да го збогати животот на децата од предучилишна возраст, но инвестиравме и во подобрување на условите:
ново возило за транспорт на храна,
нови косилки за трева,
ситен инвентар за кујните,
реконструкција на три тоалети,
промена на 17 внатрешни врати,
набавка на постелнина,
инвентар за занималните (столчиња, масички, креветчиња),
професионална машина за перење на алишта,
професионални правосмукалки и машина за чистење на подови,
дидактички материјали и играчки.
Наша постојана цел се среќата и задоволството на предучилишните деца! -истакнуваат од ЈОУДГ ,,Наша иднина” -Прилеп во нивното соопштение на социјалните мрежи.