УБАВИНА: “Дајте музика” вчера во Прилеп направија одличен концертен спектакл
Веднаш после спектакуларниот концерт на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кој се случи во неделата на финалната вечер од Фестивалот на пивото “PRILEP BEER WEEKEND” каде публиката од цела Македонија уживаше во детските музички хитови на Веселите Ѕвончиња, за најмладите од Прилеп вчера вечерта имаше уште едно музичко изненадување, а тоа беа ѕвездите од “Дајте Музика”.
60 екипи и над 800 деца од генерациите 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 ќе се натпреваруваат на фудбалскиот турнир “Евро Гол – Македонија Куп”. Купот вчера беше отворен со спектакуларен огномет на “Могилата на непобедените” во Прилеп.
Свои настапи имаа КУД “Мирче Ацев”, КГС “Партизан- Соколи” – Прилеп, а исто така имаше и одличен концерт на “Дајте музика”.
Турнирот е овој викенд, па затоа Ве каниме да им дадете поддршка на спортските екипи кои што овој спортски викенд ќе настапат на “Евро Гол – Македонија Куп”.