ПРОСЛАВА НА ГОДИНАТА: “На големо” се јадеше и пиеше во градската прилепска болница по повод заминувањето на главната мед.сестра во пензија
“На големо” се јадеше и пиеше во градската прилепска болница по повод заминувањето на главната мед.сестра во пензија, а сето тоа го потврдува и сликата која е објавена на официјалната Facebook страна на прилепската градска болница. Имено, на сликата има и жестоки пијалоци, од кој еден со сигурност врз основа на сликата е “испразнет до половина”.
Прашуваме, дали дел од вработените кои славеле за заминувањето на главната мед. сестра во пензија имаат пиено од жестокиот пијалок во период на работно време, а веднаш после прославата освежени од “жестокиот коњак” заминале да ги извршуваат своите раб. обврски кај пациентите во болницата? Одговорот за еден дел од нив го знаеме многу добро, меѓутоа…
По повод заминувањето на главната мед.сестра во пензија, освен сликата, прилепската болница на нивната официјална Facebook страна го сподели и слeдниот текст:
Достоинствено, како што и впрочем доликува на Установа со вакво реноме, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, ја испрати во пензија својата главна сестра Роза Рулеска Пиличева.
Со прекрасни зборови за нејзиното работење во болницата како главна сестра ,до присутните се обрати директорката на оваа институција Кети Смилеска.
На овој емотивен момент со честитки и убави желби присуствуваа сите главни сестри на болнички одделенија, началници на одделенија,шефови на служби,останат здравствен и помошен персонал, претставници од Центар за јавно здравје,Државен санитарен и здравствен инспекторат,Фонд за здравство,Приватно здравство,Здружение на Змстас за нас, стручни наставници од средно медицинско училиште,Комисија за превенција и спречување на заразни болести,ДНД Комерц претставништво Скопје, и др – истакнаа од прилепската болница на нивната официјална Facebook страна.
НАПОМЕНА: СЛИКИТЕ ЗА ОВАА ОБЈАВА СЕ ПРЕВЗЕМЕНИ ОД ОФИЦИЈАЛНАТА FACEBOOK СТРАНА НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА