И денеска, утрото ќе биде студено, а преку ден променливо облачно и температури до 15 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во некои делови од земјата можни се сончеви периоди. Утрово, во повеќе градови во нашата земја ќе преовладува магла, а денеска максималната температура се очекува да го достигне 15-от степен.
Вечерва, во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 8 до 16 степени.