Убава вест! Експресниот пат Градско – Прилеп ќе биде пуштен овој месец
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, соопшти како тече изградбата на автопатиштата во државата, а со самото тоа и до каде е патот Прилеп-Битола:

Прилеп-Битола, можам да кажам дека до крајот на овој месец повеќе од 85% од трасата ќе биде, од аспект на имотно-правни односи, завршена и од аспект на истраги коишто се поврзани со пронаоѓање на експлозивни направи, исто така испитана и завршена, но она коешто за мене е важно, е дека се следи тој рок, се забрза, за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега можам да кажам дека веќе, последното коешто го разговаравме со изведувачите е дека дваесетина километри фронт е отворен и се работи. И мислам дека тука ќе биде испочитуван, би рекол, оној рок којшто е дел од договорот – истакна Мицкоски.


















