“РЕКИ ОД НАРОД” ВО БИТОЛА! ВМРО-ДПМНЕ прослави 35 години постоење

Сподели го ова:





























Вечерва во Хераклеја Линкестис, ВМРО-ДПМНЕ прослави 35 години постоење, а амфитеатарот беше исполнет до последното место. На настанот свој говор имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој меѓудругото истакна:

Tука сме да ги исправиме грешките од минатото, нема назад…Ние, не сме тука да ветуваме лесни приказни или брзи решенија. Не!…Ние сме тука да направиме она што е правилно, да ги исправиме грешките и да ги санираме штетите од минатото. Се знае, нема назад…Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога одбележуваме 35 години од основањето на нашата партија — нашата голема, наша вечна идеја. Идејата која не прекинува, која не паѓа, која гори во срцата на секој од нас. ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Тоа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда. Нашата партија, како легитимен и идеолошки наследник на историското ВМРО од 1893 година, го носи товарот и светлината на една борба што трае повеќе од век и половина. Од првите денови на Внатрешната македонска револуционерна организација, која се крена против неправдата и угнетувањето, па до денес, кога ние се бориме против невидливи, но не помалку опасни непријатели – корупцијата, предавствата и уништувањето на институциите – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави