ПИВО ФЕСТ: Во Прилеп, вечерва веќе трет ден ќе има квалитетна музичка забава
Во Прилеп, вечерва веќе трет ден ќе има квалитетна музичка забава. И синоќа во петокот, имаше одлична забава со познати музички имиња на најпопуларната манифестација „Пиво фест 2022“. Колку за потсетување, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на официјалното отворање на фестивалот ги поздрави посетителите и наздрави за развоен Прилеп.
„Во интерес на развој на локалната економија, во интерес на подобрување на животот на граѓаните на Прилеп, во интерес на добрата забава, за уште многу културни и забавни манифестации, заедно да наздравиме за развоен и успешен Прилеп! Ви посакувам пријатна забава во овие четири фестивалски денови на Пиво фест 2022 . Уживајте во добрата забава, ладното пиво и вкусната скара!“- им порача Јовчески на посетителите од големата бина на плоштадот „Александрија“, наздравувајќи со кригла ладно пиво”.