Со поддршка на Општина Битола, се одржа третото издание на „ SMOLEVO UP HILL RACE“

Сподели го ова:





























Со одлична енергија, спортски дух и врвна организација, по трет пат успешно се одржа „Smolevo Up Hill Race“, во организација на велосипедската федерација и „Extreme Bike Bitola“, со поддршка на Општина Битола.

Над 100 велосипедисти од цела Македонија беа дел од оваа возбудлива трка, покажувајќи посветеност, издржливост и љубов кон велосипедизмот.

Овој настан уште еднаш потврди дека Битола e вистинска дестинација за спорт, рекреација и промоција на здрави животни навики.

Наградите ги додели претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски.




Сподели го ова:

Слични објави