“Варошани” се покажаа како одлични прилепски домаќини! Со богата трпеза, ја прославија денешната слава “Голем петок – Балаклија”

Сподели го ова:


























Варошани целосно подготвени уште од рани зори го дочекаа денешниот голем, христијански празник кој што кај народот е познат како “Голем петок – Балаклија”. Овој голем празник е и семејна слава на нашите сограѓани од населбата Варош.

Жителите на прилепската населба Варош го чествуваат масовно христијанскиот празник Голем Петок -Балаклија. Празникот се чествува секој прв петок по Велигден и е куќна слава на многу семејства. Стотици граѓани од другите делови од градот им доаѓаат на гости посакувајќи им здравје, успех и среќа. А, жителите на Варош гостите ги пречекуваат на празнична трпеза. Оваа традиција се негува со години. Многу верници доаѓаат и во црквата од манастирот „Свети Архангел Михаил“, каде во чест на празникот се одржува утринска литургија.




Сподели го ова:

Слични објави