УБАВИНА: Во пресрет на храмовата слава, “Стара црква” постави нов крст на кровот од храмот, кој ќе трае низ времињата и ќе сведочи за верните прилепчани

Оваа недела е празникот “св. Благовештение”-славата на Стара црква која е најголемиот христијански храм во Прилеп. Овој најголем христијански православен храм, како и секоја година, така и оваа, достојно како што доликува, ќе го одбележи големиот христијански празник св.Благовештение-празникот кој што ни ја соопштува убавата, блага пријатна вест со која започнува спасението на луѓето и обновата на созданието, преку најавата за раѓањето на нашиот спасител-Господ Исус Христос.
Пред храмовата слава, Светото Благовештение, поставен нов крст на кровот на нашата прилепска светиња. Нека овој победоносен Христов крст трае низ времињата и сведочи за верните прилепчани.