ПРИЛЕП ЌЕ СЕ СМЕЕ НА СЕКОИ 5 СЕКУНДИ! Никола Тодороски со нова, урнебесна комедија ПРЕМИЕРНО во НУЦК “Марко Цепенков”
По барање на прилепската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски доаѓа во Прилеп со неговото најново стендап – комично шоу “Тројца лути мажи”, шоу кое за прв пат ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во Прилеп. Билети за овој стендап спектакл ќе може да си набавите секој ден на шанкот во “Арт Кафе – Апореа”.
Во ова шоу, главната стендап улога ја има Никола Тодороски, а покрај него на сцената ќе се појават Никола Братучед и Зоки Донев. Станува збор за стендап шоу, за кое со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.
Во Прилеп, веќе е закажан најголемиот стендап спектакл во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков” на 21.05.2024 година со почеток во 20 часот, сала која што со сигурност ќе биде претесна за да ги собери сите заинтересирани прилепчани, бидејќи еве како што не информираат од продукцијата, постојано се бара билет повеќе за настапот на Никола Тодороски во Прилеп. Ова е човекот кој ги полни салите низ Македонија по 3-4 пати.
Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Србија, и каде ли уште не, каде и да се појави се бара “билет повеќе”. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија. ПОБРЗАЈТЕ! Како што информиравме претходно, билети може да си набавите на шанкот во “Арт Кафе – Апореа” секој ден – односно се додека има 🙂 Цена на билет: 250 денари.