ГО ИСКАЧИ НАЈГОЛЕМИОТ ВРВ ВО СВЕТОТ, ПА ЗАГИНА! 35 години откако Димитар Илиевски – Мурато го освои Монт Еверест
Пред точно 35 години, на денешен ден Димитар Илиевски – Мурато успеа да направи голем подвиг. Илиевски како член на македонската алпинистичка експедиција „Еверест ’89“ се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест.
За жал, Димитар не успеа да го преживее спуштањето од врвот и засекогаш остана таму. Причината за неговата смрт сеуште не е разјаснета. Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на 8200 метри за да го почека неговиот другар Стипе кој бил зад него – Димитар заспал.
Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам.