Ирена Стерјовска-Локвенец е жената која што секогаш силно ги брани интересите на прилепчани

Сподели го ова:
















На денешната своја прес-конференција, заменик-градоначалникот на Прилеп Ирена Стерјовска Локвенец, револтирана од сегашната моментална ситуација креирана од страна СДСМ, излезе на прес-конференција на која јавно го осуди СДСМ за сите погрешни чекори кои ги прави како централна власт во нашата земја. Нејзиниот говор на денешната прес-конференција наиде на голема поддршка од страна на голем број на прилепчани кои се обратија до нашата информативна редакција, како и огромна поддршка од страна на граѓаните изразена преку коментари на социјалните мрежи. Прес конференцијата на Ирена Стерјовска Локвенец, Ви ја пренесуваме во целост:

“Почитувани! Оваа влада и нејзините нови партиски испоставеници, не се разликуваат по ништо од претходните од времето на Зоран Заев. Постојано лажат и манипулираат со граѓаните, како што беше и вчерашниот случај со новиот претседател на Општинската организација СДСМ Прилеп, кој во видео проака кажа за некакво „историски највисоко зголемување“ на пензиите, при тоа фалејќи ги политиките на владата на СДСМ. За жал, заборави да ги праша пензионерите како преживуваат со ниска пензија, што им недостасува, зошто е скратена посмртнината и ред други прашања? Изгледа од СДСМ не ја научија лекцијата од локалните избори и поразот од преку 7500 гласа разлика во Прилеп, дека со лажен триумфализам не се бркаат политички поени.

За потсетување ВМРО-ДПМНЕ континуирано им ги зголемуваше пензиите на пензионерите, без да има потреба да се прави тоа поради зголемувањето на цените. Пензионерите добиваа зголемени пензии не како изнудени мерки туку како напор на тогашната влада за подигање на животниот стандард.

Токму владата предводена од СДСМ го укина ваквиот раст на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеше голема сума на пензионерите од нивните пензии.

Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за да се врати државата на правиот пат. Народот не заслужува ваков третман и ваква негрижа! Затоа се потребни промени! А промените ги носите Вие почитувани сограѓани”-истакна Ирена Стерјовска Локвенец







Сподели го ова:

Слични објави