Традицијата продолжува! И оваа година, “Витаминка” на сите првачиња од нивните вработени им подари ранци, училишен прибор и слатки производи

Сподели го ова:






























Како секоја година – така и оваа, АД Витаминка – Прилеп на сите првачиња од нивите вработени им подари ранци, училишен прибор и слатки производи. Имено, оваа општествено одговрна компанија уште еднаш покажа дека нема ништо поскапо на светот од задоволно детско срце и искрена детска насмевка.

Во Витаминка им подаривме 11 ранчиња со училишен прибор и производи на дечињата на нашите вработени кои од 1 септември ќе го започнат своето прво училишно патување.
Со овој мал, но искрен гест, Витаминка сака да им посака многу среќа, насмевки и успеси на нивниот прв училишен ден. На сите првачиња им посакуваме среќен и успешен почеток на школувањето!
– порачаа од Витаминка.




Сподели го ова:

Слични објави