Пецаков, со моќна порака по повод 11-ти Октомври: Да не си погазуваме по одбележјата на нашиот идентитет
Денеска, македонскиот народ пред 83 години тргнале храбро да се борат против фашистичкото зло, со што го означиле почетокот на народното востание на Република Македонија, за слобода од бугарскиот окупатор. По повод денешниот празник 11-ти Октомври, охридскиот градоначалник до македонскиот народ упати силна и моќна порака во која се вели:
“Овој празник е симбол на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ. Одбележувајќи годишнина од почетокот на народното востание во далечната 1941 година и борбата против фашизмот им изразуваме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија која израсна во правна и прогресивна држава.
Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава. Ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни за она што го добивме, крваво спечалената собода во која уживаме. Го продолжуваме патот на борците и асномците избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации.
Денес, битката се води во повеќе димензии и предизвикот е повеќекратно поголем. Сплотени и единствени како граѓани и како човечки суштества, продолжуваме да се бориме за достоинствен и квалитетен живот за сите.
Заедно да градиме стабилна и сигурна иднина за нашите деца и поколенијата по нив. Заедно да градиме проспетитетна држава. Да не си погазуваме по одбележјата на нашиот идентитет. Да знаеме да се самопочитуваме и цениме за истото да го добиваме од другите. Само така ќе си го сочуваме она што сме го добиле во наследство и ќе градиме добра и стабилна иднина за сите нас” – порача охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.