Наскоро во Делчево доаѓа хит театарската претстава за деца “Пинокио”, претставата која што ги полни салите низ цела Македонија
Конечно и во Делчево ќе се случи голем детски спектакл! Станува збор за детската театарска претстава “Пинокио”, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија. По барање на делчевската публика, Пинокио заедно со неговата голема театарска екипа доаѓа во Делчево за да ги воодушеви најмладите во овој град. Овој детски театарски-музички спектакл, ќе биде изведен наскоро на големата сцена во Центарот за култура во Делчево.
Овој пат, честа ја имаат најмладите од овој град, кои ќе го проследат мјузиклот – Театарската претстава “Пинокио”, која освен глума е пропратена со голем број на новокомпонирани песни за деца, изработени од Гоце Балада и Рубин Димкоски од групата Меморија.
Се гледаме на врвна театарска претстава!


















