СЕКОЈА ЧЕСТ: Тереза Златеска, иако веќе неколку недели е директор во СОУ “Орде Чопела”, сепак активно работи во однос на правилното менаџирање со ова училиште

Сподели го ова:





























Тереза Златеска, иако веќе неколку недели е директор во СОУ “Орде Чопела”-Прилеп, сепак активно работи во однос на правилно менаџирање со ова училиште, при што успешно превзема конкретни мерки во интерес на учениците.

Имено, покрај многу бројните активности во ова училиште, последниве два дена беа посветени на одбележување на два значајни денови, односно меѓународниот ден на мирот и европските денови на културно наследство.

По повод европските денови на културно наследство, денеска учениците од II4 клас со проф. по историја го посетија Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп.

Исто така, во текот на вчерашниот ден ова училиште го одбележа меѓународниот ден на мирот, при што беше нагласено дека насилствата и војните треба да запрат барем на еден ден, а воедно учениците од ова училиште пренесоа пораки за МИР кои Ви ги пренесуваме целосно во прилог на оваа објава:

-Човековите права и слободи мора да се почитуваат. Секој поединец заслужува да живее во мир и достоинство.

-Тажно е што ова личи на сон, иако толку лесно може да се оствари.

-Во пораката на ОН денеска на сите луѓе во светот им се советува да „пропагираат мир на лично ниво“, односно да поминат еден обичен, мирен ден.

-Нека овој 21 септември биде почеток на градење на мирот во вистинска смисла на зборот, почнувајќи од себе и од своите соседи, ширејќи го кругот кон колегите/шките, наставниците/чките, ученичките/ците, пријателите/ките… бидејќи само заеднички можеме да ги надминеме стравовите и потешкотиите и да ги реализираме соништата и надежите.

-Да посветиме повеќе време на емпатичност и меѓусебно разбирање, можеме и треба да се грижиме повеќе едни за други. Мирот во светот да го третираме како вистинско богатство, а внатрешниот мир и добрата мисла за луѓето околу нас како нешто непроценливо!




Сподели го ова:

Слични објави