Следува покачување на платите во образованието
“Откако Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ го започна својот мандат, наставниците добија зголемување на платите од над 12 проценти. Следното покачување ќе изнесува помеѓу 7,5% и 10%, во зависност од степенот на инфлација, а ќе се случува во текот на учебната година, поточно во март 2026та година. Го враќаме достоинството на наставниците со јасен план и потпишана спогодба за раст на платите во секоја година од мандатот. Расте поддршката кон учениците, преку зголемени квоти на стипендии и покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади. Образованието е приоритет за оваа Влада и за ВМРО – ДПМНЕ. Буџетот за овој ресор годинава е најголем досега и изнесува речиси 40 милијарди денари, односно за 6 повеќе од лани. Застојот од изминатите 7 години е откочен. Промените се интензивираат, се следат глобалните трендови и стандарди, а квалитетот се зголемува. Најпосле образованието го добива заслуженото внимание и станува вистински ресурс на државниот просперитет” – истакна Емилија Бошковска од Централна комисија за образование и наука.
















