ТОШЕ ОВА НЕ ГО ЗАСЛУЖИ! Влага и мувла кај вечното почивалиште на Тоше

Сподели го ова:
























Иако вечното почивалиште на Тоше се изгради пред скоро една година, еден дел од внатрешните ѕидови подлежат на влага, па како резултат на тоа, ѕидот се “лушти”, и се појавува мувла-реагираат обожавателите на Тоше. Влагата во вечното почивалиште се појавува на еден од ѕидовите-поточно на неговата долна површината и пенетрира во малтерот. Овдека влагата се размножува преку спори, кои многу брзо се шират низ воздухот, па како резултат на тоа, ако трајно не се санира ваквиот проблем, може влагата да се прошири. Врз основа на ова, се поставува прашањето-колку квалитетно државата го има изградено вечното почивалиште на Тоше кое чинеше околу 150.000 евра. Фановите на Тоше се револтирани од оваа ужасна слика, и бараат под итно ТРАЈНО РЕШАВАЊЕ на овој проблем. Како резултат на информациите кои што ги добивме од едно женско лице-(кое е обожавател на Тоше од Крушево, и која ни ги испрати сликите), “надлежните во градот го имаат забележано овој проблем, меѓутоа влагата “привидно се задскрива” со нов бел слој на малтер, само кога идат делегации за да не се забележи оваа непријатна слика, меѓутоа влагата повторно започнувала да се појавува по само неколку денови повторно“-истакнува една обожавателка на Тоше.

Нашиот информативен портал “STANICA.MK” – како еден од “двата најчитани информативни портали од Пелагонискиот регион”, кој што само на нашата официјална Facebook страна има скоро 23.000 постојани следбеници – (во кои што не е вкалкулиран бројот на сите оние другите, кои секојдневно ги следат нашите информации 24/7), секогаш професионално, навремено и објективно ги прененесува најновите информации и случувања, па како резултат на настанатата ситуација со влагата во вечното почивалиште на Тоше, се консултиравме и со градежен архитект кој во однос на оваа настаната ситуација истакна:

“Не е препорачливо во вакви случаеви нанесување на боја директно на заразените области, бидејќи мувлата и влагата ќе продолжат да навлегуваат во површината во новиот – горниот слој на боја предизвикувајќи оштетување на истиот. Ова може да предизвика пукање на слојот, па како резултат на тоа мувлата е таа која што повторно ќе се појави, и ќе се создадат црни, грди, обоени дамки”. За да трајно се санира сето ова потребно е работата да се фати од корен”.

Фановите од нашата земја и целиот балкан револтирани од ваквата ситуација, упатуваат апел до надлежните институции за побрзо, ТРАЈНО РЕШАВАЊЕ на ваквиот проблем, бидејќи Тоше ова не го заслужи.

НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА КОПИРАЊЕ НА ТЕКСТОТ И СЛИКИТЕ ОД ОВАА ОБЈАВА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ, БЕЗ ПРЕТХОДНА ДОЗВОЛА ОД ИНФОРМАТИВНАТА РЕДАКЦИЈА НА ИНФОРМАТИВНИОТ ПОРТАЛ “STANICA.MK”




Сподели го ова:

Слични објави