Не излегувајте надвор ако немате потреба! Високи температури до 40 степени од денеска, па се до недела

Сподели го ова:


























Како што соопштуваат од УХМР, од денеска па се до недела, дневните температури ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. Деновиве, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време.

Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво.




Сподели го ова:

Слични објави