Хуманитарен концерт во Прилеп! Заедно, сплотени за малиот Никодим
Во животот, човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце… Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи, зависи од нас. На 09.10.2024 на Могилата на непобедените во Прилеп ќе се одржи голем хуманитарен концерт за младото прилепчанче Никодим.
Секоја купена влезница е ваша директна донација, за да помогнеме едно мало ангелче да се лекува и да го победи туморот на главата.
Дојдете, забавувајте се и донирајте за Никодим!