РАДОСТИ: Најмладите прилепски ангелчиња денеска во Прилеп го најавија Христовото раѓање

Сподели го ова:


























Денеска Бадниковата поговорка со над 100 прилепски дечиња тргна од Камената бина утрово во 10:00 часот каде што децата ги отпеаа песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”. Токму тука, дечињата беа пречекани од градоначалникот Борче Јовчески кој што пригодно ги дарува.

Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжи кон уличките низ старата чаршија, а потоа се упати до божиќната пештера и црквата Св.Кирил и Методиј (Параклис). 

Децата во поворките денеска ги симболизираа ангелите што го најавуваат Христовото раѓање, а ѕвездичките што радосно ги вееа претставуваа водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.




Сподели го ова:

Слични објави