Утрово во Битола нова серија земјотреси
Утрово во Битола нова серија земјотреси. Имено утрово серија земјотреси од страна на пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин се почувствувани повторно во Битола и околината. Епицентарите на земјотресите кои се случија последно се наоѓаат на 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција. Исто така, сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ја информираше јавноста дека земјотресот најсилно е почувствуван утрово во 4.01 часот кој бил со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со Рихтерова магнитуда од 3,7.