Од утрово од 10 часот на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто, започна хуманитарниот музички настан “СПЛОТЕНИ ВО ХУМАНОСТ” за малата Бисера

Од утрово, од 10 часот на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто, започна хуманитарниот музички настан “СПЛОТЕНИ ВО ХУМАНОСТ” за малата Бисера. На овој музички хуманитарен концерт, настапуваат голем број на детски и возразни естрадни уметници. Денешниот настан е поделен во два музички дела-првиот започна утрово од 10 часот и ќе трае се до 17 часот, а вториот музички дел започнува вечерва од 22 часот и ќе трае се до 02 часот по полноќ. Да бидеме хумани-да помогнеме за Бисера.