Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски отстрани тумор од долниот крај на радиусот кај 17 годишен пациент и го замени со коска од починат донор

Сподели го ова:























Вчера на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Оваа е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број пациенти.



Сподели го ова:

Слични објави