ВИДЕО-ЈОВЧЕСКИ: “Согласно сите здравствени мерки и протоколи, оваа година полека го враќаме сјајот на карневалот и радоста кај прилепчани”

Сподели го ова:























По пауза од две години, градот под Марковите кули повторно го враќа сјајот на карневалот „Прочка“. Од петок до недела Прилеп ќе биде домаќин на традиционален карневал „Прочка 2022“, на којшто ќе учествуваат маски само од Република Македонија поради се уште актуелната Ковид состојба. Градоначалникот Борче Јовчески на денешната прес конференција посочи дека – Добредојдени сте сите во градот под Марковите кули:

„Со огромно задоволство сакам јавно и официјално да најавам дека по пауза од 2 години во недела на 6 март ќе се одржи надалеку познатиот карневалски бренд на Прилеп и Македонија „Прочка 2022“. Согласно сите здравствени мерки и протоколи, оваа година полека го враќаме сјајот на карневалот и радоста кај прилепчани, со тоа што овој пат ќе имаме маски само од Република Македонија. Сакам да упатам покана до сите, не само до нашите сограѓани туку и до целата македонска јавност и до сите граѓани да повелат да ни дојдат во недела во 12:00 часот. Дефилето на карневалот својот официјален почеток ќе го има пред Домот на културата ‘Марко Цепенков’, од каде што ќе се упатиме до поставената бина на плоштадот ‘Методија Андонов Ченто’.  Ве уверувам дека како домаќини ќе се погрижиме да имате прекрасен и исполнет карневалски ден“, истакна градоначалникот Јовчески.



Сподели го ова:

Слични објави