ИМААТ ЧУДЕСНА МОЌ: Исцелителните мошти на св. Јоаникиј Ракотински помагаат на голем број верници
Големиот македонски светец св. Јоаниј Ракотинскисе родил во Охрид, на 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован. Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј. Година и половина по замонашувањето преминал во манастирот „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година останал во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“.
Како најобразован во тоа време, во 1896 година подигнал и основно училиште за деца. Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит. Се упокоил на 24 јануари 1940 година.
Неговите мошти денеска се во Соборниот храм св. Климент Охридски во Скопје.
Тропар
Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие, кој си овенчан од Исуса Владиката, Подвигоположникот. Така, твориш чудеса преку моштите свои за сите што доаѓаат и верно ти се молат. Затоа прими благодарен глас: Радувај се рамен со древните светии.