БИЛО КАКВИ ИНФОРМАЦИИ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ: Исчезнато е 15 годишно девојче од с. Пешталево
Вчера вечерта на социјалните мрежи се појави информација за исчезнато девојче од с. Пешталево – општина Долнени. Врз основа на повикот за помош кој се споделува на социјалните мрежи, станува збор за Ана Марија Ѓореска 15-годишно девојче, која се води за исчезната од понеделникот.
Девојчето последен пат било видено кај автобуска постојка во с. Ропотово, околу 19 часот, при што оттогаш, му се губи секаква трага.
Полицијата е веќе запознаена со случајот и е во потрага по девојчето.
