ТАЛЕСКИ: “Подоброто утре” не дојде од кога го сменивте името, така да и сега да не се лажеме не ни зависи од договоров со бугарите….

Сподели го ова:


























Антонио Талески од ВМРО-ДПМНЕ, важи за човек кој што нема “влакна на јазикот” секогаш кога станува збор за одбрана на националните интереси на Република Македонија, а така беше и овој пат. Имено, Талески револтиран од т.н.”Француски предлог”, на мошне прецизен-конкретен начин, ја опиша сегашнава-моментална состојба со која се соочува македонскиот народ. Еве што поточно истакна Талески во неговата колумна:

Ако можи да кажам нешто пред да биде доцна !?

Прво, вакво “перење” на мозок (ако воопшто го имаме) немало од референдумот 2018 година кога не убедуваа истиве “експерти” и амбасадори дека ако додадеме северна во името, утре дента ќе бидеме во ЕУ, ќе земаме 1500е плата, бесплатно здравство, месечината посилно ќе свети, брда и долини и што уште не. Истото и денес се случува, Таче ги собрал истиве неџатовци, Колозова, онаа со хвалоспевите за Заев, не ја видов само таа од Прилеп што сакаше да го посини Заев и сите овие се ЗА северна и ЗА бугаризација, нели за подобро утре на децата ама тоа “подоброто утре” не дојде од кога го сменивте името, така да и сега да не се лажеме не ни зависи од договоров со бугарите….

Второ, ботовиве на интернетов намалете ги! Нека не се срамат ако воопшто имаат срам и чувство за љубов кон татковината, а за искрените членови на СДСМ кои се изјаснуваа пред неколку денови дека се против договорот им апелирам да не подлегнат на “перењево мозок” и да ги убедуваат дека предлогов е различен од тој претходно, ИСТ Е! (И фонтот е ист!)

И трето, да ја искоментирам Колозова, напишала дека сите сакале да го анализираат документот епа неможело така, и ете таа не сакала прејакоо значии нека не пиша индијанци баш и е гајле само да си иди хонорарчето на време, а уште ова… Не ви е малку сомнително што не го фали предлогов дека е ТОП неможи подобар да биди туку онака баш и е гајле не сака да го види воопшто….

И за крај, НЕ, не сакам договор за асимилација на Македонија-истакна Талески во неговата колумна, посветена на моменталната состојба во која се наоѓа земјава во однос на т.н.”Француски предлог”.




Сподели го ова:

Слични објави