И денеска во 19 часот граѓаните на протест пред Влада
Река од народ, вчера вечерта се насобра пред Владата на Република Македонија. На овој сенароден протест освен ВМРО-ДПМНЕ и партијата “Левица”, поддршка дадоа и други останати партии, како и голем број на граѓани кои со своето присуство кажаа “НЕ” на францускиот предлог. И денеска повторно, втор ден по ред, граѓаните ќе бидат дел од достоинствениот-мирен протест пред Владата, се со цел да се борат против ултиматумите и понижувањата, кои што може да ги прифати сегашната централна власт.
Во овој протокол, или Годишен извештај како што го нарекува Владата на Ковачевски има конкретни датуми и рокови, што и како треба да се менува. За сето тоа во годишните извештаи македонската страна треба да ја информира Бугарија и доколку таа не е задоволна со спроведената активност рамна на асимилаторска, тогаш повторно и повторно може да поставува вето. Доколку Владата го прифати предлогот тогаш Македонија самоволно прифаќа вечно преговарање или целосна асимилација на сегашната, минатите и идните генерации. Владата на Ковачевски во очај преку Османи кукавички се обидува да шири страв и закани. Но ни тоа не поминува. Колку повеќе се закануваат и го лажат народот, толку погласен ќе биде гласот и противењето на народот. Оваа Влада изгуби целосен легитимитет. Таа влада на Ковачевски и Османи не е народна влада и затоа се потребни избори, на кои конечно ќе паднат-истакнуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која повторно ги повикува граѓаните денеска во 19 часот на достоинствен и мирен протест пред Владата, се со цел да се борат против ултиматумите и понижувањата, кои што може да ги прифати сегашната централна власт.