Успешно издание на 11-тите Добрушевски средби
На Црковниот собир во село Добрушево, се одржаа единаесеттите по ред Добрушевски средби, кои традиционално се организираат првата сабота после Велигден по иницијатива на Архиепископот Охридски и Македонски и Поглавар на Македонската православна црква, Господин Господин Стефан, кој што е роден во Добрушево.
Градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски покрај другото истакна голема благодарност до Црковниот одбор, домаќините и сите присутни гости кои придонесуваат за негувањето на традицијата и фолклорот преку одржувањето на Добрушевските средби.