СТУДЕНТСКИ ОТПОР СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ПРОТЕСТОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ
Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски Отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците.
“Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.
Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:
- Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
- Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
- Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
- Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
- Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
- Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
- Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
- Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.
‼️ Доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините!
‼️ Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.
Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!” – ИСТАКНУВААТ ОД СТУДЕНТСКИ ОТПОР.