ВОЗАТ КАКО ЛУДИ: 64 годишна прилепчанка со тешки повреди е однесена во прилепската болница откако во неа удрило возило со прилепски регистарски ознаки
На 15.03.2023 година во 20.00 часот во Прилеп, на бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“, товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.И. (61) удрило во пешакот В.Н. (64) од Прилеп.
Во несреќата В.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница – Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.