Гоцевски: Ветувам – ќе бидам Градоначалник што стои исправено пред народот, чесен пред законот, и гласен кога се брани интересот на нашето Делчево и на нашата Македонија
Иван Гоцевски : Ветувам – ќе бидам Градоначалник што стои исправено пред народот, чесен пред законот, и гласен кога се брани интересот на нашето Делчево и на нашата Македонија. Да живее народот! Да живее Делчево! Да живее Македонија! – порача новиот градоначалник на Делчево, Иван Гоцевски кој синоќа издвои убедлива победа во првиот круг, а веднаш по победата порачаЧ

“Драги мои сограѓани, роднини и пријатели! Браќа и сестри по идеал и визија
Од длабочината на срцето – ВИ БЛАГОДАРАМ!
Денеска победи уште еден наш концепт, “Концепт-Го Сакам Делчево”!
Денеска победи Делчево!
Денеска победи ВМРО-ДПМНЕ!
Оваа победа не е само моја и на мојот тим – ова е победа на Вас народот, на нашата заедничка волја, на нашата љубов кон татковината, кон нашето Делчево, кон иднината!
Го кренавме гласот за промена, за правда, за достоинство – и тој глас победи!
Победи бројот 9 ![]()
Благодарам на целиот мој неуморен тим од чесни луѓе. Луѓе кои до секој од вас ја пренесоа мојата визија , желба и љубов за просперитетно Делчево.
Целиот Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ , Советничката листа, месни комитети и сите добронамерни граѓани кои ни ја дадоа поддршката.
Ветувам – ќе бидам Градоначалник што стои исправено пред народот, чесен пред законот, и гласен кога се брани интересот на нашето Делчево и на нашата Македонија” – порача синоќа Гоцевски.
















