ВНИМАНИЕ: Два активни пожари во прилепско – еден кај манастирот „Свети Илија“ во Дрен, а другиот во с.Бонче
Врз основа на информациите од РЦУК – Битола во околината на Прилеп има два активни пожари. Од 08:42 часот има шумски пожар во село Бонче – општина Прилеп. Во однос на овој пожар интервенираат тројца пожарникари, како и едно противпожарно возило.
Исто така, од 09:35 часот шумски пожар има во село Дрен, кај манастирот „Свети Илија“ општина Прилеп. Кај овој пожар интервенираат тројца пожарникари и едно противпожарно возило.