ДЕНЕСКА: “Работнички” -“Победа” со директен пренос од 15 часот на МТВ и Арена спорт
Викендов на програмата е 8-то коло на Првата лига. Колото со денешниот меч ќе го отворат “Работнички” и “Победа”. Дуелот, со директен пренос од 15 часот на МТВ и Арена спорт, ќе се игра на терените на ФФМ во скопската населба Ново Лисиче.
Како што се истакнува на официјалната Facebook група на ФК “Победа”, црвено-белите осоколени со првата првенствена победа над Брегалница и убедливиот риумф во куп натпреварот во Карбинци со оптимизам влегуваат во утрешното одмерување на силите со “железничарите“. Двата тима одиграа меѓусебен меч на стартот на подготовките кој на теренот во Маџари заврши без побендик и без голови . Од тој меч има доста промени во двата тима, повеќе кај Победа, но и кај домаќините кои се засилија со ветеранот Велковски, Гандо, Ѓуриќ и последно со Шаркоски.
Победашите се во евидентен подем на формата, костурот на тимот завчера одмараше во куп дуелот во Карбинци, па максимално подготвени го очекуваат гостувањето во Скопје. Тренерот Бабунски и на овој меч не ќе може да смета на повредените Симуновиќ и Петејчук, а останатите се на располагање и со нетрпение ќе ја чекаат шансата за настап на утрешниот меч.
Дуелот ќе го води скопскиот интернационален судија Игор Стојчевски.