Стара фурна-Прилеп со честитка за 2-ри Август, Илинден – Денот на Републиката

Сподели го ова:
























Стара фурна-Прилеп, на своите вработени, деловни соработници, пријатели, како и на сите граѓани од нашата земја им го честита 2-ри Август, Илинден – Денот на Републиката. Како што истакнуваат од Стара Фурна-Прилеп, 2-ри Август е денот кога македонскиот народ  ја слави традицијата на нашите илинденски славни генерации, преку потсетување на големиот број борци, револуционери и јунаци во однос на нивната посветеност, идеал и голема жртва. Илинден е денот кога се потсетуваме на тешките маки кои во минатото ги доживеа македонскиот народ за слободна и независна земја. Овој празник претставува севкупна кулминација на сите индивидуални гестови на востание и лична саможртва, кои што се длабоко вткаени во битието на нацијата. На овој празник ја празнуваме храброста и љубовта на македонскиот народ кон нашата Татковината.




Сподели го ова:

Слични објави