ВМРО-ДПМНЕ: Нема анкета на која води СДСМ, катастрофата се гледа и во тоа што над 60 посто се незадоволни од Ковачевски
Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска
Анкетите се најдобар одговор на лажните изјави на Кузеска.
Нема анкета на која СДСМ води. На СДСМ му се случува убедлив дебакл. Од владеењето на Ковачевски околу 62% не се задоволни граѓаните во Македонија.
Резултатите од последната анкета потврдуваат дека СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори.
Резултатите од анкетата на ИПСОС покажуваат дека Македонија со Ковачевски и СДСМ тоне во катастрофа, граѓаните се незадоволни.
ВМРО-ДПМНЕ има речиси двоцифрена предност пред СДСМ.
На прашањето доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции, за која партија би гласале, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле околу 22% од испитаниците, а за СДСМ само 12.9%.
Состојбите во државата и ставот на народот е најголемиот импулс за брзи предвремени избори за спас од националната катастрофа.
Анкетите само потврдуваат дека време е за избори!